HALLOWEEN во „Дрим Тим Макси“ – Креативна работилница за учениците
- Владимир Гелевски
- Oct 22
- 1 min read
Во духот на претстојниот празник HALLOWEEN, во едукативниот центар „Дрим Тим Макси“ ќе се одржи креативна Halloween работилница наменета за сите ученици од училиштето. Настанот го подготвува директорката на центарот, Ивана Макалоски, со цел децата преку игра и креативност да ја почувствуваат празничната атмосфера и да ја развиваат својата имагинација.
Учениците ќе имаат можност сами да изработуваат маски, декорации и мали тематски изненадувања, а ќе следуваат и забавни активности и натпревари во најоригинална маска.
Од „Дрим Тим Макси“ порачуваат дека сите ученици се добредојдени да земат учество и заедно да го прослават овој забавен и волшебен ден.






Comments