top of page

Dream Team Maxi со прв Erasmus+ проект

Со особена чест и задоволство Ве информираме дека Dream Team Maxi започнува ново поглавје во својата приказна – соработка со Националната агенција за европско образование на Република Турција, во рамки на нашиот прв Еразмус+ проект посветен на јазично образование и мултикултурна соработка:

Language Learning and Intercultural Exchange

Нашиот Центар за странски јазици Dream Team беше избран да ја има улогата на координатор на целиот проект – исклучително признание и можност за унапредување на наставните практики и меѓународната соработка во областа на странските јазици.

Проектот опфаќа:

  • Размена на современи методи за изучување јазици

  • Мобилности за наставниот кадар

  • Креативни работилници

  • Воведување на нови дигитални алатки за учење

Веруваме дека преку ова партнерство ќе отвориме нови хоризонти за нашите ученици и ќе придонесеме за градење европска иднина заснована на знаење, толеранција и културна поврзаност.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page