

Настава
Нашата програма по англиски јазик е внимателно креирана за ученици од сите возрасти, со целосна примена на современи и ефективни методи на учење.
💛 Групи „Young Hearts“ (3–6 години): Најмалите ученици ги воведуваме во светот на англискиот јазик низ игра, песна и креативна активност. Наставата се одвива целосно на англиски јазик.
📘 Помошна училишна настава: Овозможуваме дополнителна поддршка со учебници од редовната наставна програма за ученици кои имаат потреба од јазична надградба.✏ Почетно читање и пишување:Развиваме основни јазични вештини преку внимателно структурирани активности за читање и пишување.
📚 Курсна настава за сите возрасти: Работиме според најсовремената програма на Hamilton House – Академска книга. Курсевите се организирани според европските јазични нивоа:A1, A2, B1, B2, C1 и C2.Секој слушател по завршување на курсот добива меѓународно признат сертификат за завршен степен.
🎨 Едукативни работилници: Организираме работилници поврзани со англиската и македонската култура – Свети Валентин, Осми март, Велигден, Halloween, Божиќни активности и многу повеќе!
🌞 Летна школа и забрзан курс: Во текот на летото нудиме интензивни курсеви и летна јазична школа со фокус на комуникација, креативност и практична употреба на англискиот јазик.
🏆 Нашето училиште е повеќе од едукативен центар – тоа е бренд.
Со години наназад, го градиме нашето име како симбол за квалитет, доверба и посветеност. Ние не нудиме само часови по англиски јазик – ние создаваме љубов кон учењето, самодоверба кај учениците и реални резултати. Родителите не избираат случајно – тие избираат бренд кој инспирира и едуцира.
Нашето учлиште е прогласено за училиште на годината во 2024 година
