Dream Team Maxi со нова веб-страница – инвестирање во квалитет и иднина!
- Владимир Гелевски
- Apr 5
- 1 min read
Приватното училиште за англиски јазик Dream Team Maxi доби нова современа веб-страница, на која посетителите може да се запознаат со богатата понуда на едукативни програми и активности што ги нуди училиштето по завршување на редовната настава.
Основачот и професор по англиски јазик, Ивана Макалоски, со посветеност вложува во создавање на едукативен простор каде децата и младите учат англиски на природен, интересен и ефективен начин.

По редовната настава, учениците имаат можност да посетуваат:
🔸 Курсеви по англиски јазик за сите возрасти и нивоа (A1–C2), според програмата на Hamilton House – Академска книга
🔸 Групи „Young Hearts“ за деца од 3 до 6 години, со настава што се одвива целосно на англиски јазик
🔸 Почетно читање и пишување, развој на говор и јазична самодоверба
🔸 Училишна помошна настава, поддршка со домашни задачи и наставни содржини
🔸 Едукативни работилници инспирирани од македонската и англиската култура (Свети Валентин, Велигден, Halloween, Божиќни активности итн.)
🔸 Летна јазична школа и забрзани курсеви во текот на летниот распуст
Секој ученик по завршување на курсот добива меѓународно признат сертификат за успешно завршен степен.
„Нашето училиште е повеќе од место за изучување англиски. Тоа е заедница, инспирација и бренд кој се гради со љубов, професионализам и визија,“ истакнува Макалоски.
Opmerkingen